Официјално: И младинскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во Првата лига

2019 19 Авг

Големиот напор кој управата на клубот го вложи летово во делот на обезбедување на потребните средства вроди со плод, по што можеме и официјално да потврдиме дека во претстојната сезона и младинскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром ќе настапи во Првата лига.

Станува збор за потег каков што досега не е виден во македонската кошарка, со оглед што ниту еден друг клуб досега не играл со две посебни екипи во највисок ранг на натпреварување. Нашиот младински тим функционира како посебен правен субјект, а до прволигашката виза дојде со освојување на шампионскиот пехар во второлигашката конкуренција минатата сезона.

Со овој чекор, управата на МЗТ Скопје Аеродром сака да им овозможи на нашите (нај)талентирани кошаркари да играат против најдобрите во државата и тоа во средина во која ќе ги имаат речиси истите услови како и првиот состав, а со минутажа каква што ретко кои нивни врсници би ја добиле во други средини. Тренер на екипата останува Горан Крстевски, кој ќе продолжи со работата на развивање на квалитетот на најталентираните кошаркари од нашата младинска школа, секако заедно со својот досегашен помошник, а поранешен наш кошаркар, Синиша Аврамовски.

Наша цел е овој младински тим да биде своевиден расадник за играчи, кои преку шансата да играат во Првата лига би го добиле потребното искуство за настап во највисок ранг уште во своите тинејџерски години. Секако, резултатскиот сегмент никако нема да биде запоставен, па опстанокот во елитата секако ќе биде примарна цел за нашиот подмладок кој сезонава ќе дебитира во прволигашка конкуренција.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page