Бојан Крстевски две сезони во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2019 25 Јул

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Крстевски (30 год, 206 см), е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска и официјално потпиша двегодишен договор со нашиот тим.

Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „пет“, од кого се очекува да биде еден од факторите за добра игра на нашата екипа и тоа под двата коша. Крстевски веќе има две шампионски титули за себе (2009 и 2018 година), што значи дека може и тоа како да биде од помош во обидот да го одбраниме пехарот од Првата лига освоен минатата сезона.

Центарот кариерата ја почна во Работнички, по што има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а во периодот од 2012 до 2015 година настапуваше за грчка Кавала.

Во текот на вчерашниот се засиливме со талентираниот Кристијан Николов, претходно нови договори со МЗТ Скопје Аеродром потпишаа Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, додека обврски од минатата сезона имаат Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.

Тренер на екипата останува Ѓорѓи Кочов.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page