Маслинко и трета сезона по ред ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2019 23 Јул

Македонскиот репрезентативец и еден од најперспективните кошаркари во нашата држава, Андреј Маслинко (22 год, 208 см) и трета сезона по ред ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со нашиот тим.

Неговото задржување е нова потврда на нашите заложни за давање шанса на талентираните домашни играчи, кои во иднина би биле движечка сила на македонската кошарка во целост. Стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов од крилниот центар очекуваат да се наметне како една од (нај)важните алки во играта на нашиот тим и во целост да го покаже сиот свој раскошен талент.

Маслинко кариерата ја почна во Партизан Водно санс, од каде што уште на 16-годишна возраст се пресели во Италија каде што две сезони мина во дресот на Стела Азура, а една во екипата на Пафони Омења. Потоа следуваше враќање во Македонија и по едногодишен престој во Работнички преселба во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде што ќе остане уште најмалку една сезона.

Талентираниот кошаркар минатата сезона настапи на 16 средби во домашното првенство со просек од 10,2 поени и 4,9 скока, со напомена дека пропушти поголем дел од вториот дел од сезоната поради повреда.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page