МЗТ Скопје Аеродром и Младеновски со взаемна согласност го раскинаа договорот!

2019 26 Јун

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Љубомир Младеновски повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако играчот и клубот постигнаа заедничка согласност за раскин на договорот кој имаше важност и за следната сезона.

Високиот центар изрази желба повторно да се проба во странство, по што управата на актуелниот шампион реши да му излезе во пресрет односно да не му пречи во обидот да оствари интернационална кариера.

Тој во таборот на нашиот клуб се врати пред почетокот на минатата сезона по едногодишен престој во словенечкиот тим Илирија. Младеновски сезонава одигра 16 средби во АБА2-лигата, што е само нешто повеќе од половина натпревари на нашиот тим во јадранската конкуренција. Останатите ги пропушти поради неколку повреди на кои се жалеше во текот на сезоната. На дуелите на кои играше оствари просек од 4,9 поени и 3,3 скока. На домашна сцена, пак, одигра 31 средба со просек од 7,8 поени и 6,4 скока.

МЗТ Скопје Аеродром му посакува сѐ најдобро во понатамошната кариера.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page