Со 36 поени разлика го средивме Работнички за водство во големото финале!

2019 08 Јун

Фантастичната игра, пред сѐ во второто полувреме во кое буквално ставивме капак на кошот и на противникот му дозволивме да даде само 12 поени, ни ја донесе победата на стартот од плејоф-финалето со Работнички (80-44) за водство 1-0 во серијата што се игра до три триумфи.

Колкава беше разликата помеѓу двата тима покажува фактот што гостите првиот поен во последната четвртина го постигнаа дури во седмата минута, а во целиот период не постигнаа кош од игра. Аеродромци клучниот налет го имаа кон средината од втората четвртина, кога со серија 12-2 не само што го презедоа водството, туку и ја остварија првата поопиплива позитива (35-29), која потоа само ја надградуваа. Победничката серија, пак, домашните ја остварија во финишот од третиот период и првиот дел од последниот период со 25-2 за огромни плус 28 (72-41) и потврда на посакуваниот триумф.

Сино-белите до крај немаа милост за противникот, кој освен што добро го почна мечот и поведе со 16-6 покажа дека тешко ќе излезе на крај со брзата и агресивна игра на МЗТ Скопје. Тоа се гледа во поголемиот број скокови во корист на тимот од Аеродром (47-33) како и во драстично поголемиот број загубени топки на црвено-белите (18-9).

Дамјан Стојановски со 17 поени беше најпрецизен кај домашниот тим, Андреј Магдевски постигна 13 поени додека Иве Иванов застана на 10 поени. За одбележување е и учинокот на Предраг Самарџиски со девет поени и 11 скока.

Следниот меч се игра на 11 јуни (вторник), а домаќин ќе биде тимот на Работнички во салата „Борис Трајковски“.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page