Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром задутре ќе го одиграат првиот финален натпревар од плејофот против големиот ривал Работнички (17.30 часот), еден ден подоцна од предвидениот терен и тоа на барање на полицијата.
На денешниот состанок на претставниците на финалистите и луѓето од Министерството за внатрешни работи беа утврдени и термините за останатите средби од серијата што се игра до три победи, според кои новиот првак најдоцна ќе се дознае десет дена по одигрувањето на првиот дуел.
И вториот натпревар е поместен еден ден и ќе се одигра во вторник (11 јуни) во салата „Борис Трајковски“. Потоа следуваат пресметки на секои два дена односно третиот меч е закажан за 13 јуни (четврток) во Аеродром, а ако има потреба четвртата средба ќе биде на 15 јуни (сабота) повторно во „Борис Трајковски“. Евентуалната „мајсторка“ е закажана за 17 јуни (понеделник) во салата на подобропласираниот во регуларниот дел од сезоната, а тоа е МЗТ Скопје.