На чекор сме до финалето: Го освоивме Гостивар за 2-0 во полуфиналето од плејофот!

2019 28 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се најдоа на чекор до големото финале од плејофот, откако попладнево со сигурна игра во текот на сите 40 минути, како гости, го совладаа тимот на Гостивар (86-92) за 2-0 во полуфиналната серија која се игра до три победи.

Клучна за триумфот на нашиот тим беше фантастичната игра во вториот период, кој го добивме од неверојатни 30-12. Тоа ни овозможи смирена игра и во најголем дел од второто полувреме, со оглед што пред крајот на третите десет минути дојдовме и до највисоки плус 19 (72-53).

Огромната предност како да донесе мало опуштање во нашите редови, што домаќинот го искористи да намали на минус еден (77-78), но искусните кошаркари на тренерот Ѓорѓи Кочов не дозволија изненадување. Сино-белите одиграа најдобро кога најмногу требаше, а точка на победата стави Џејмс Вудард со тројка на 56 секунди за водство 88-83 кое значеше и крај на сите надежи на гостиварци.

Дамјан Стојановски со 30 поени и 11 скока беше убедливо најдобар кај МЗТ Скопје, а веднаш зад него беа Иве Иванов со 23 поени и 10 скока и Лестер Медфорд со 12 поени.

Првата меч-топка за место во финалето нашиот тим ќе ја има веќе в петок кога ќе се одигра третиот натпревар и тоа во салата „Јане Сандански“ (17.30 часот).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page