К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Успешен старт на плејофот: Рутинска победа за 1-0 во серијата со Гостивар!

2019 26 May

Без поголеми проблеми и со две блескави серии кои го решија победникот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва, на домашен терен, го совладаа Гостивар (87-68) и поведоа со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија што се игра до три победи.

На избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов им требаше малку време да се навикнат на ритамот на противникот, кој често форсираше брза игра со пет ниски играчи. Средбата беше изедначена до пред крајот на вториот период, кога сино-белите со десет поени во низа дојдоа до првата поопиплива предност (42-34) пред крајот на полувремето.

Потоа, во првата половина од третата четвртина, следуваше нова блескав период на нашите кошаркари, кои со серија 12-1 дојдоа до највисоката дотогаш предност од 17 поени (67-50). Со ова веќе беше решен исходот на натпреварот, а потврдата дојде во четвртиот дел од мечот кога нашата позитива ја мина и границата од 20 поени.

Колективната игра беше главна карактеристика на МЗТ Скопје вечерва, за што говори дека четири кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект и тоа Предраг Самарџиски 16 поени и седум скока, Љубомир Младеновски со 12 поени, како и Лестер Медфорд и Џејмс Вудард кои постигнаа по 10 поени. Но, ништо помал не беше ефектот на Дамјан Стојановски со девет поени и шест скока, како и на Иве Иванов, Дарко Соколов и Андреј Магдевски, кои реализираа по осум поени.

Следниот меч од серијата се игра веќе задутре (вторник) во Гостивар.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page