Убедлив триумф над Куманово за голем исчекор кон првата позиција пред плејофот!

2019 15 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром направија огромен исчекор кон првата позиција на табелата пред плејофот, откако денеска, лесно и рутински, го совладаа тимот на Куманово со 92-57.

Нашиот тим на две кола до крајот има две победи повеќе од директниот ривал за стартната позиција број еден, тимот на Работнички, што значи дека веќе следното коло против Гостивар би можеле да ставиме крај на сите дилеми без воопшто да размислуваме за вечното дерби во последната рунда од регуларниот дел од шампионатот. Денешната победа ја остваривме без повредените Андрија Бојиќ и Андреј Маслинко, како и без Американците Џејмс Вудард и Лестер Медфорд, кои добија одмор поради лесна настинка. Шанса добија сите од клупата, меѓу кои и младинците Ранко Мамузиќ, Лука Стојановски и Виктор Исајловски.

Андреј Магдевски флертуваше со трипл-дабл ефект со 17 поени, осум скока и девет асистенции, Предраг Самарџиски постигна 16 поени со осум скока, Љубомир Младеновски оствари дабл-дабл со 12 поени и исто толку скока додека Иве Иванов и Дарко Соколов постигнаа по 11 поени. Мамузиќ реализира пет, Исајловски три, а Стојановски два поени.

Во претпоследното колов, в сабота, ќе му гостуваме на Гостивар.

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје 25-3, Работнички 23-5, Блокотехна 20-8, Гостивар 19-9, Кожув 13-15, Куманово 11-17 (-1).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page