Лесна победа над Блокотехна за зацврстување на првото место на табелата!

2019 11 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се зацврстија на лидерската позиција на табелата на три кола пред крајот на Суперлигата, откако вечерва, како гости, далеку полесно од очекувањата ја победија Блокотехна со 90-75.

Сино-белите до десеттата победа во низа во првенството дојдоа преку доминација во играта под кошевите, каде што имаа двоцифрен број скокови повеќе во однос на ривалот (41-28) како и со далеку подобар процент во ударите од поле (56%-42%). Аеродромци водеа во текот на целиот меч, а печат на триумфот ставија на стартот од последната четвртина и тоа со серија 14-2 по која зголемија на највисоки плус 18 (83-65) со што ставија крај на сите надежи на противникот за евентуален пресврт.

Убедливиот триумф беше обезбеден и покрај отсуството на тројца првотимци и тоа Андрија Бојиќ, Андреј Маслинко и Марко Симоновски, кои отсустваа поради повреди односно болест. Џејмс Вудард со 22 поени и 12 скока беше најдобар во нашиот тим, одлично одиграа Иве Иванов со 17 поени, Предраг Самарџиски со 16 поени и девет скока и Лестер Медфорд со 15 поени додека Дамјан Стојановски заврши со 11 поени, а Андреј Магдевски со пет поени и десет асистенции.

Наш следен противник во домашното првенство е Куманово, меч кој в среда ќе го одиграме во „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page