Ептен лесна победа над Работнички за голем исчекор кон позицијата број еден пред плејофот!

2019 06 Мај

Лесно и убедливо, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа Работнички (85-63) во вечерашното вечно дерби во „Јане Сандански“ во склоп на 5. коло од Суперлигата, со што направија огромен исчекор кон обезбедувањето на стартната позиција број еден пред плејофот

Аеродромци сега имаат две победи повеќе во однос на најголемиот противник (22-20) и водство 2-1 во меѓусебните дуели и кош-разлика од плус 24 што е и тоа како голема предност во пресрет на последните пет меча од регуларниот дел од сезоната. Сино-белите најголем дел од работата завршија уште во првата четвртина, во која со серија 14-2 дојдоа до првата двоцифрена позитива (24-14), која потоа не ја испуштија од раце.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, иако настапија без тројца првотимци поради повреда (Бојиќ, Магдевски и Маслинко), во третиот период дојдоа дури и до плус 19 (65-46), со што како да ставија крај на сите надежи на противникот за евентуален пресврт. Последните десет минути беа само рутински одработување на задачата на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои искусно го доведоа мечот до самиот крај притоа зголемувајќи ја позитивата и преку границата од 20 поени.

Клучна за победата на домашната екипа беше огромната доминација во играта под кошевите, каде што тимот од Аеродром имаше дури 24 скока повеќе од противникот од „Градски парк“ (50-36). Иве Иванов беше најефикасен кај домашниот тим со 26 поени и десет скока, веднаш зад него со учинокот беше Предраг Самарџиски со 18 поени и 16 скока, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Лестер Медфорд со 15 и Марко Симоновски со 10 поени.

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје 22-3, Работнички 20-5, Гостивар 18-7, Блокотехна 18-7, Кожув 13-12, Куманово 11-14 (-1).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page