Победа над Гостивар за искачување на врвот од табелата во Суперлигата

2019 03 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се искачија на врвот од табелата во Суперлигата со скор 21-3 и една победа повеќе од директниот конкурент Работнички, откако вечерва, по голема борба во текот на сите 40 минути, го совладаа тимот на Гостивар со 95-91 во последниот меч од 4. коло од втората фаза од домашното првенство.

Тоа беше исцрпувачка битка во која влеговме без повредените Андрија Бојиќ и Андреј Маслинко и во која пресуди нашето поголемо искуство, но и квалитет кој несомнено беше на страната на составот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов. Лестер Медфорд и Предраг Самарџиски беа присебни во последните минути од мечот, кога се „кршеше“ резултатот и со голема самодоверба го спречија налетот на гостите и ја задржаа победничката серија во Суперлигата во која сѐ уште сме непоразени.

Претходно, „металците“ со серија 13-2 дојдоа до највисоката позитива од плус 11 (70-59), како најава за крајниот епилог. Самарџиски со 27 поени и 13 скока беше убедливо најдобар кај МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски постигна 20 поени додека Медфорд реализира 17, а Иве Иванов 16 поени.

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје 21-3, Работнички 20-4, Гостивар 17-7, Блокотехна 17-7, Кожув 13-11, Куманово 11-13 (-1).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page