Со силен финиш до триумф над Куманово и делба на првото место на табелата!

2019 25 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, како гости, го совладаа тимот на Куманово (87-80) во меч од 3. коло од Суперлигата, со кој дојдоа до делба на првото место на табелата со идентичен скор 20-3 како и најголемиот ривал за титулата, тимот на Работнички.

Одличната игра во последните 15 минути се покажа како клучен фактор за триумфот на нашиот тим. Прво, во финишот од третиот период, со серија 14-2 направивме резултатски пресврт, а потоа на средина од последната четвртина дојдовме и до двоцифрена предност (82-69) со која ставивме крај на сите надежи на домашниот тим. Сино-белите од Аеродром ја имаа контролата и во најголем дел од првото полувреме, поради што победата на крајот е повеќе од заслужена.

Дарко Соколов со 21 поен беше најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје, додека Предраг Самарџиски реализира 19 поени.

Ова беше последен натпревар за нашиот тим пред големиот христијански празник Велигден, како и пред „мајсторката“ за влез во АБА-лигата, која во вторник ќе ја одиграме против Задар на теренот на противникот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page