Лесно го преслушавме Кожув на стартот од Суперлигата

2019 07 Апр

Без никакви проблеми, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, како гости, го совладаа тимот на Кожув (88-76) на стартот од Суперлигата, со што воедно му се реваншираа за неодамнешниот неочекуван пораз во „Јане Сандански“.

Третиот период беше клучен за триумфот на сино-белите во Гевгелија и тоа по релативно изедначеното прво полувреме. Аеродромци овој дел од играта го добија со 31-15 доволно за убедлива предност, која на крајот им ги донесе посакуваните бодови. Иве Иванов со 25 поени беше убедливо најдобриот во сино-белиот состав, додека Џејмс Вудард постигна 17, Дамјан Стојановски 13 поени додека Андрија Бојиќ застана на 11 поени.

Ова беше последен меч за нашиот тим пред завршницата од Купот на Македонија (12-14 април во Гевгелија), каде што во четвртфиналето в петок повторно ќе се сретнеме со тимот на Кожув.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page