МЗТ Скопје Аеродром го освои Куманово за 15-та победа во Првата лига!

2019 22 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успешно ја завршија домашната задача во пресрет на задутрешниот втор полуфинален дуел од плејофот во АБА2 против Спарс, совладувајќи го вечерва, како гости, тимот на Куманово со 76-72.

Тренерот Ѓорѓи Кочов калкулираше со минутажата на носителите на играта, па на паркетот воопшто не стапнаа Предраг Самарџиски, Иве Иванов и Џејмс Вудард, додека Лестер Медфорд одигра само нешто повеќе од една четвртина. Тоа беше и една од причините што средбата ја добивме во релативно драматичен финиш, постигнувајќи ги петте последни поени, кои се покажаа доволни за триумф.

Андрија Бојиќ со 19 поени и осум скока и Дамјан Стојановски со 18 поени и 12 скока беа најпрецизните во нашиот тим, додека Андреј Магдевски постигна 13, а Марко Симоновски 12 поени.

МЗТ Скопје Аеродром со овој триумф, барем привремено, се врати на лидерската позиција на табелата со 33 бодови (15-3). Дуелот, пак, со Спарс, во кој со триумф обезбедуваме плејоф-финале во АБА2, ќе го одиграме в недела со почеток во 17 часот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page