Кочов: Верувам дека ќе најдеме мотив и енергија да славиме во „Градски парк“!

2019 09 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на Работнички (17.30 часот) во пресметка во која ќе се обидат да му се реваншираат на противникот за поразот во првиот дел од сезоната, а воедно и да се изедначат по бројот на победи во пресрет на Суперлигата.

За аеродромци овој меч доаѓа во незгоден момент, во период кога се решаваат работите во АБА2-лигата и само два дена по тешкото гостување кај Сутјеска. Згора на тоа, тренерот Ѓорѓи Кочов нема да може да смета на повредените Андреј Маслинко, Љубомир Младеновски, а најверојатно и на Марко Симоновски. Но, во тимот имаме доволно квалитетни кошаркари кои може да го понесат товарот и да триумфираат во „Градски парк“.

„Дербито ни доаѓа во незгоден момент, бидејќи имавме само еден ден за подготовка по тешкото гостување кај Сутјеска и напорниот пат до Никшиќ. Но, пресметките со Работнички секогаш се посебна приказна и сигурен сум дека моите играчи ќе најдат мотивација и енергија да издржат и да ги надополнат празнините кои ги имаме во тимот поради неколкуте повредени. А, ако го сторат тоа, тогаш сигурен сум дека ќе може да славиме во 'Градски парк'“, вели Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов има учинок 13-2, додека нашиот најголем ривал има ист број победи и еден пораз помалку.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page