Со колективна игра до сигурен триумф во дербито со Блокотехна

2019 20 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со борбена и пред сѐ колективна игра дојдоа до триумф во вечерашната пресметка со Блокотехна (97-90), со што со поубедлива разлика му се реванширавме на противникот за поразот во Гевгелија во првиот дел од сезоната (78-81).

Колективната игра и големиот број расположени играчи беше главниот фактор за триумфот на сино-белите, за што е потврда фактот што дури шестмина имаа двоцифрен поентерески ефект, а дури 11 добија можност да придонесат во успехот. Клучно за триумфот беше одличниот старт на третиот период (12-4), во кој направивме резултатски пресврт и првпат дојдовме до двоцифрена позитива (71-58). До крајот умешно ја одржавме позитивата и го одбивавме секој напад на упорниот гостин.

Андреј Магдевски беше најефикасен со 18 поени со девет асистенции и четири украдени топки, Андрија Бојиќ постигна 17 поени со четири скока, Џејмс Вудард 14, а Дамјан Стојановски, Иве Иванов и Марко Симоновски по 13 поени. Предраг Самарџиски и Љубомир Младеновски реализираа по четири поени, но не играа многу поради фактот што тренерот Ѓорѓи Кочов преферираше игра со „ниска“ петорка. Андреј Маслинко запиша еден поен, додека Дарко Соколов оствари пет скока и четири асистенции.

МЗТ Скопје Аеродром сега е на делба на второто место на табелата во Првата лига токму со Блокотехна со скор 9-2, веднаш зад Работнички кој има учинок 9-1. Следен меч за нашиот тим е в четврток, кога ќе му гостуваме на Сплит во дуел од АБА2-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page