Со пеколен финиш до победа во пресметката против Куманово!

2018 25 Ное

Со пеколно одиграни последни седум минути, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до триумф во вечерашната пресмета на домашен терен против Куманово (76-70) во меч од 8. коло од Првата лига.

Сино-белите средбата ја затворија со серија 19-3, со која ја надополнија двоцифрената предност (67-57) која противникот ја имаше во 33. минута. Агресивната одбрана вроди со плод, а на виделина излезе поголемиот квалитет на момците предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов. Бодовите беа освоени без помошта на еден од најдобрите во досегашниот дел од сезоната, Андрија Бојиќ, кој беше суспендиран на еден меч по исклучувачката грешка добиена во пресметката од претходното коло против Кожув.

Лестер Медфорд со 13 поени, шест скока и исто толку асистенции беше најефикасен кај „металците“, Иве Иванов средбата ја заврши со 12 поени додека Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко постигнаа по 10 поени.

Ова беше шести триумф на нашата екипа, исто колку што има и Работнички, но со еден натпревар помалку. Следува пауза поради настапот на репрезентацијата на Македонија во претквалификациите за ЕП 2021, а следниот предизвик за нашите момци е на 6 декември кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Сутјеска во меч од АБА2-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page