Кочов: Да го наметнеме нашиот ритам и да го совладаме Работнички!

2018 12 Ное

Дојде денот кога првпат сезонава ќе ги одмерите силите со најлутиот ривал Работнички (20.15 часот), меч во кој ќе дадеме сѐ од себе да му го нанесеме првиот пораз сезонава на противникот, а со тоа и да се изедначиме во бодовното салдо.

Екипата е комплетна, се враќа повредениот Иве Иванов, што секако е добра вест за тренерот Ѓорѓи Кочов. Расположението е на посакуваното ниво, а сите во тимот посакуваат триумф за зголемување на самодовербата пред продолжувањето на сезоната на домашна и регионална сцена.

„Ова се натпревари во кои решава моменталната инспирација. Без разлика што сезоната допрво почнува, решени сме да сториме сѐ за да дојдеме до триумф во првата пресметка со Работнички, која ќе ја одиграме пред нашите навивачи. Наша примарна цел е да го наметнеме сопствениот ритам, односно да не му дозволиме на противникот да игра онака како што е навикнат“, вели Кочов.

Билетите за овој натпревар се веќе во продажба по цена од 100 денари. Мечот ќе биде од хуманитарен карактер за помош на Борче Цветановски, таткото на наш голем навивач и член на Фемили.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page