МЗТ Скопје ги кани навивачите на Работнички да дојдат утре на дербито во Аеродром!

2018 11 Ное

МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира македонската спортска јавноста дека привршуваат сите детали околу организација на утрешната пресметка против Работнички (20.15 часот), со цел првото вечно дерби сезонава да мине во фер и спортска атмосфера, односно да биде тоа што и заслужува - вистински празник на кошарката.

Пресметката помеѓу најлутите ривали секогаш носел фантастични дуели на паркетот, но и надвикување на трибините помеѓу најверните навивачи на двата тима. Тоа е ривалство кое е исто важно и големо колку и тоа помеѓу играчите на вечните противници. Овие средби мора да бидат празник за очи и душа и причина за враќање на вербата во македонската кошарка, а тоа без полни трибини и аргентинска атмосфера од двата табори воопшто нема да биде можно.

Поради сето ова, јавно ги повикуваме навивачите на Работнички утре слободно да дојдат во „Јане Сандански“ и со навивање за своите миленици да го проследат вечното дерби. Ограничувања нема да има, ниту пак некој ќе биде спречен да влезе во салата само затоа што го симпатизира нашиот противник. Билетите се во слободна продажба, секој може да си купи колку сака, сѐ со цел да го вратиме стариот сјај на вечната пресметка.

Затоа, вљубеници во црвено-белата боја, без страв дојдете во Аеродром и бодрете ги своите. Едноставно, дерби без набој и тензии, секако во рамки на дозволеното, воопшто не е дерби.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page