И дуелот со Работнички ќе биде хуманитарен – за помош на Борче Цветановски!

2018 10 Ное

Задутрешното вечно дерби против Работнички (20.15 часот) исто како и неодамнешната пресметка против Сплит ќе го има предзнакот хуманитарен со оглед што МЗТ Скопје Аеродром продолжува со активното учество во акцијата за помош на Борче Цветановски при обезбедување средства за лекување во странство.

Станува збор за татко на наш голем навивач и член на групата „Фемили“, кому му е дијагностицирана ретката болест Амилоидоза за која нема лек во Македонија. Лекувањето во странство е прескапо, поради што семејството ќе биде благодарно за секоја и најмала помош.

Влезниците за пресметката против најголемиот ривал се веќе во продажба по цена од 100 денари и можат да се купат сѐ до почетокот на натпреварот во билетарата пред малата сала во СЦ „Јане Сандански“. Исто како и на последната домашна средба од АБА2-лигата и на овој меч на повеќе локации во салата „Јане Сандански“ ќе бидат поставени кутии за донации преку кои спортските вљубеници ќе може да ја искажат својата хуманост и големо срце.

Сето ова, воедно, не е пречка за сите хумани луѓе уште веднаш да се обидат да му помогнат на Борче Цветановски и на неговото семејство во борбата со Амилоидозата со донација на средства на неговата трансакциска сметка : 530500015656921 во Охридска банка.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page