Почнува првата лига: В недела одиме на гости кај Блокотехна!

2018 05 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од претстојниов викенд добиваат дополнителна обврска со оглед на стартот на домашното првенство, во кое влегуваат со амбиција за враќање на титулата во „Јане Сандански“.

Првиот дуел од Првата лига ќе го одиграме в недела и тоа на гости кај Блокотехна (17.45 часот) во своевидна реприза на полуфиналните пресметки од плејофот и Купот на Македонија минатата сезона. Сино-белите се во добар ритам по двете по ред победи на домашен терен на стартот од АБА2-лигата, што е доказ за добрата форма која сега треба да биде потврдена и во дуелот во Гевгелија.

Добра вест за нашите навивачи е што натпреварот ќе биде директно пренесуван на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page