Испечатете ја страната

„Аџибадем Систина“ ќе се грижи за здравјето на играчите на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 30 Сеп

Тимот на пријатели на МЗТ Скопје Аеродром од ден на ден станува сѐ побогат, откако во него влезе и дефинитивно најдобрата здравствена установа во државата, клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Претходно, спонзорскиот тим официјално стана побогат со потпишување на договори со компании како „Џевахир Холдинг“, „УНИ Банка“ и „Атлантик група“ преку нивниот најголем бренд Цедевита, а наскоро се очекува ова друштво да биде зголемено со уште неколку реномирани компании кои работат во Македонија.

„Аџибадем Систина“ денеска е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим, користејќи современи методи и техники, им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Се простира на 22.000 квадратни метри затворен болнички простор распореден на 7 ката. Опремена со 11 најсовремени операциони сали и капацитет од 275 болнички кревети и 39 интензивни места (хирургија, кардиохирургија, кардиологија и неонтаологија).

Во „Аџибадем Систина“ работи реномиран тим од 140 врвни специјалисти, од кои 15 универзитетски професори, признати во регионот. Долгогодишното искуство на нивниот тим е потврда за врвна здравствена услуга на пациентите и нивните семејства, а подготвени се да ги решат и најсложените медицински состојби. Единствено во оваа установа на едно место може да се добие целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација на сите болести, а нејзините технолошки можности овозможуваат прецизна дијагноза и третман на сите заболувања.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во иднина ќе се грижи за здравјето на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, како во делот на превенирањето така и во безото санирање на повредите во текот на сезоната, кои секако се составен дел на еден спортски колектив.

Соработката со оваа здравствена установа, како и претходните со еминентните компании кои веќе ги набројавме, дефинитивно треба да бидат и мотив плус за останатите општествено-свесни и одговорни компании кај нас да ја препознаат нашата приказна и да станат дел од нашиот тим пријатели, без чија помош не би можеле да се стремиме кон најголемите височини. А, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, на нивната доверба ќе вратат со борбеност и залагање како на неодамнешната средба против словенечки Хелиос во која на лесен и убедлив начин дојдовме до првата победа во регионалното натпреварување на екипите од просторот на поранешна СФР Југославија.