Со „Џевахир Холдинг“ во тимот во битка за седмата титула и десеттиот Куп!

2018 04 Сеп

Македонскиот вицешампион и претставник во АБА2-лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, во новата сезона ќе влезе осетно засилен и тоа со нов сериозен „играч“ во тимот чија главна каратеристика е – височината.

Од денеска и официјално, нов член на нашето семејство е „Џевахир Холдинг“, која како општествено одговорна компанија ги препозна енергијата и квалитетот со кој располагаме и реши да инвестира во нашиот клуб. Станува збор за турска компанија, која стои зад висококатниците во општина Аеродром и со која потпишавме едногодишен договор за соработка, со можност истиот да биде продолжен и на подолг период.

На денешната промоција на спонзорството присуствуваа Златко Марин, градоначалникот на општина Аеродром, која е целосен сопственик на акционерското друштво МЗТ Скопје Аеродром, Есер Џевахир, сопственикот на „Џевахир Холдинг“ и извршниот директор на нашиот клуб, Тони Грнчаров.

Прв збор доби „таткото“ на општината во која гравитираме, кој се заблагодари за инвестицијата во тимот од „Јане Сандански“.

„Голема благодарност до „Џевахир Холдинг“ за инвестицијата во МЗТ Скопје Аеродром, со што уште еднаш покажа општествена одговорност за развојот на спортот и развојот на кошаркарскиот клуб од нашата општина“, изјави Марин.

Првиот човек на „Џевахир Холдинг“ исто така изрази задоволство од постигнатиот договор, со надеж дека тој ќе биде потстрек за остварување уште подобри резултати во иднина.

„За нас претставува задоволство што ќе соработуваме со клуб како МЗТ Скопје Аеродром. Се надевам дека оваа соработка ќе биде на подолг рок. Очекуваме клубот да има успеси не само во нашата држава, туку и надвор од неа. Меѓутоа, свесни сме дека во спортот има голема конкуренција“, изјави Џевахир.

Директорот Грнчаров, пак, потенцира дека ова спонзорство и тоа како ќе биде од помош за МЗТ Скопје Аеродром.

„Нам како клуб многу ни значи поддршката која ја добивме од 'Џевахир Холдинг'. Секому му се потребни стабилни средства во спортот. Договорот е потпишан на една година, но се надевам дека оваа соработка ќе трае подолго. Засега играчкиот ростер е затворен, а дали во скора иднина ќе треба да се засилуваме зависи од одлуката на тренерот Ѓорѓи Кочов“, изјави Грнчаров.

На крајот од прес-конференцијата, градоначалникот Марин на сопственикот на „Џевахир Холдинг“ му подари дрес на МЗТ Скопје Аеродром со негово презиме, кој, како што потенцира Џевахир нема да биде носен само од него туку и од неговиот син.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page