МЗТ Скопје Аеродром го совлада Гостивар во првиот контролен меч сезонава!

2018 28 Авг

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го почнаа циклусот контролни натпревари пред стартот на новата сезона, откако во денешното матине, како гости, го совладаа тимот на Гостивар (75-69).

Клучно за нашата победа беше одличната игра во првата четвртина, во која брзо дојдовме до двоцифрена позитива, која потоа умешно ја одржувавме. Тренерот Ѓорѓи Кочов им даде шанса на сите 15 кошаркари кои му беа на располагање, што му дозволи на противникот на крајот да дојде до пристоен пораз. Ова беше прв меч за сино-белите директно по базичните подготовки во Маврово, по кој следува враќање во Скопје и продолжување со подготовките во салата „Јане Сандански“.

Американецот Џејмс Вудард со 17 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје Аеродром, додека Андрија Бојиќ и Андреј Магдевски реализираа по 11 поени.

Избраниците на тренерот Кочов следните два пријателски дуела ќе ги одиграат веќе в петок и в сабота и тоа на домашен терен против бугарскиот шампион Левски Лукоил.

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 69-75 (10-23, 22-16, 22-22, 15-14)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Иванов 7, Д. Стојановски 3, Вудард 17, Бојиќ 11, Магдевски 11, Симоновски 4, Маслинко 5, Медфорд 5, Младеновски 4, Соколов 3, Тодоровски 2, Митев 3, Мамузиќ, Настовски, Л. Стојановски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page