Шест кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром добија покана да играат за Македонија!

2018 16 Авг

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и во претстојниот септемвриски репрезентативен прозорец ќе биде застапена со најголем број кошаркари во националниот тим на Македонија, откако шестмина наши кошаркари добија покана да се појават на стартот од подготовките закажан за 31 август.

На списокот на селекторот Јорданчо Давитков за претстојните средби на гости со Косово (13 септември) и дома со Романија (16 септември) се најдоа Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.Ова е уште една потврда на квалитетот на домашниот кадар кој тренерот Ѓорѓи Кочов го има на располагање во новата сезона, во која за првпат се воведува правилото од задолжително играње на тројца Македонци на средбите од првата фаза од Првата лига.

Постои можност нашите кошаркари да ги пропуштат првите неколку тренинзи на репрезентацијата, со оглед на веќе договорениот пријателски двомеч со бугарскиот шампион Левски Лукоил, кој на 31 август и на 1 септември ќе треба да гостува во „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page