Џејмс Вудард е вториот Американец кој летово „слета“ во Аеродром!

Џејмс Вудард е вториот Американец кој летово „слета“ во Аеродром!

2018 27 Јул

Американецот Џејмс Вудард (24 год, 191 см) од денеска е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако завршија сите формалности околу потпишување на едногодишниот договор со кошаркарот чии главни карактеристики се прецизниот шут, прегледноста на играта и фактот што секогаш го става тимот пред сѐ друго.

Станува збор за експлозивен кошаркар, кој игра на двете бековски позиции и кој дефинитивно ќе биде едно од најголемиот офанзивни оружја на нашиот тим на претстојните натпревари. Минатата сезона ја мина во дресот на литвански Невезис заедно со вториот Американец во нашите редови, Лестер Медфорд, што и тоа како е добредојдено за тренерот Ѓорѓи Кочов, кому ќе му треба многу помалку време да го воигра бековскиот двоец. Во силното првенство на Литванија просечно реализираше 9,8 поени, три скока и 2,1 асистенции додека во ФИБА Еврокупот имаше и подобар просек од 10,1 поен, 3,9 скока и 1,8 асистенции.

За Вудард ова ќе биде трета европска сезона, откако дебитираше на Стариот континент со настап за францускиот тим Руен со просек од 12,9 поени, пет скока и 2,1 асистенција. Зад новиот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром се и одлични четири сезони во најдобрата дивизија во НЦАА-лигата и тоа во дресот на Тулса универзитетот. Во првата сезона имаше просек од 12 поени, потоа 15,5 поени, третата ја заврши со просечна реализација на 14,5 поени додека во последната сезона постигнуваше по 15,2 поени на секој натпревар.

Вудард е последното странско засилување летово за нашиот клуб, кој сега има девет кошаркари подготвени да го остават срцето на терен за остварување на зацртаните цели – освојување на двојната круна и борба за самиот врв на табелата во АБА2-лигата. Претходно беа ангажирани Медфорд, Хрватот Иве Иванов, како и повратникот Љубомир Младеновски, а од минатата сезона останаа капитенот Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко и Србинот Андрија Бојиќ.

За МЗТ Скопје Аеродром сезоната почнува на 27 септември, кога ќе го одиграме првиот меч во регионалното натпреварување и тоа на домашен терен против словенечки Хелиос.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page