Влог за иднината: Талентираниот Исајловски пет години во дресот на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 19 Јул

Паралелно со формирањето на ростерот за новата сезона, управата на МЗТ Скопје Аеродром работи и на привлекување на сѐ што е најдобро во младинската кошарка кај нас, со цел да се формира база од таленти од која потоа ќе се црпат играчи за првиот тим.

За таа цел, денеска, петгодишен договор со нашиот клуб потпиша јуниорскиот репрезентативец Виктор Исајлоски (17 год, 200 см.), кој доаѓа од таборот на Феникс. Станува збор за исклучително талентиран крилен кошаркар, кој мина низ сите репрезентативни селекции и од кого селекторот Панче Милевски очекува многу на претстојното Европско првенство (ЕП), дивизија Б, кое ќе се одржи во Скопје.

Исајловски сега влегува во друштво на останатите таленти на МЗТ Скопје Аеродром кои и тоа како тропаат на вратата на сениорскиот тим, а меѓу кои дефинитивно се уште и Лука Стојановски, Андреј Настовски, Дамјан Миса и Леонид Тодоровски. Истовремено, ќе биде големо засилување за јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром во обидот да се дојде до шампионскиот трофеј во оваа возрасна категорија.

Тој веќе знае како е да се носи сино-белиот дрес, со оглед што како позајмен играч беше дел од нашата екипа која на почетокот од годината настапи на јуниорскиот турнир на АБА во Белград за играчи до 19 години. Исајловски ги одигра сите четири средби против повозрасните противници, реализирајќи вкупно 17 поени.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page