Марко Симоновски уште две сезони во дресот на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 13 Јул

Актуелниот кошаркарски вицепрвак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, продолжи со задржувањето на македонските носители на играта од мината сезона, откако денеска беше официјализиран договорот и со Марко Симоновски (29 год, 191 см.), кој се обврза на двегодишна верност.

Доскорешниот македонски репрезентативец и во изминативе две сезони беше дел од нашиот клуб, во кој ќе остане најмалку до 2020 година, нормално ако сѐ биде како што треба. Симоновски минатата сезона настапи на девет меча во АБА-лигата со просек од 8,1 поен и 2,1 скок додека во домашниот шампионат на 22 меча просечно реализираше12 поени и 3,2 скока. Сѐ уште се паметат негови снајперски вечери во финишот од Суперлигата кога постигна осум тројки против Гостивар, а дури девет против Блокотехна.

Симоновски кариерата ја почна во Вардар по што настапуваше уште и за Работнички, австриска Аркадија, Фени индустри и за Куманово. Искусниот бек е седмиот кошаркар кој во моментов на располагање го има нашиот тренер Ѓорѓи Кочов, по Дамјан Стојановски, Љубомир Младеновски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко, Србинот Андрија Бојиќ и Американецот Лестер Медфорд.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page