Капитенот останува: Дамјан Стојановски уште две сезони ќе го предводи МЗТ Скопје Аеродром!

Капитенот останува: Дамјан Стојановски уште две сезони ќе го предводи МЗТ Скопје Аеродром!

2018 06 Јул

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следните две сезони ќе биде лидер на МЗТ Скопје Аеродром, откако се договори за продолжување на соработката со нашиот клуб, која ќе биде официјализирана во текот на следната недела.

Капитенот и покрај понудите од странство реши да остане верен на сино-белиот дрес и да даде сѐ од себе во мисијата која е пред него и соиграчите во следниот период, а тоа е борбата за висок пласман во АБА2-лигата и враќањето на титулата во „Јане Сандански“.

Ова воедно претставува и продолжување на приказната која трае од 2012 година, кога Стојановски првпат настапи за екипата од Аеродром. Оттогаш, бекот-шутер одигра пет сезони во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, а не беше дел од нашиот клуб само во сезоната 2016/17 кога во текот на летото заработи тешка повреда настапувајќи за Македонија, по што мораше да мине низ повеќемесечен рехабилитациски период.

Во македонското првенство што заврши неодамна, тој настапи на 35 средби со просек од 11 поени, 4,2 скока и 2,1 поен додека во АБА-лигата ги одигра сите 22 меча со просечна реализација на 11,5 поени и по 2,7 скока и асистенции. Дамјан во својата богата ризница трофеи има четири титули, шест победи во Купот на Македонија (четири од нив се со МЗТ), додека трипати бил избран за МВП во финалето од плејофот, а двапати а куп-завршницата.

Стојановски е петтиот кошаркар кој тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов го има на располагање, по претходното обновување на соработката со Дарко Соколов и Андреј Маслинко, како и ангажирањето на повратникот Љубомир Младеновски и Лестер Медфорд.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page