Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на патот кон деветтиот трофеј во Купот на Македонија ги совладаа двете во моментов водечки екипи во домашното првенство, Работнички и Блокотехна, што му дава дополнителен шмек на успехот во Кавадарци.
За составот од „Градски парк“ тоа воедно беше прв пораз по низата од 18 победи по ред од почетокот на сезоната на домашна сцена, а против гевгеличани по двата неуспеха во низа.
„Уште е послатко што на патот кон пехарот првпат го поразивме Работнички, исто како како и вчера кога по два порази ја совладавме Блокотехна. Тоа е добро за македонската кошарка, да има изедначени клубови. Ваквите натпревари раѓаат херои и создаваат големи играчи. Дербијата даваат и мотив за младите играчи да продолжат да се развиваат како што треба. Секој тренира и работи за ваква голема кошаркарска претстава“, изјави Лукајиќ.