Против најлутиот ривал го бркаме деветиот пехар во Купот на Македонија

Против најлутиот ривал го бркаме деветиот пехар во Купот на Македонија

2018 18 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе се обидат да дојдат до деветиот триумф во Купот на Македонија и тоа во големото финале против Работнички (19 часот) на завршниот турнир кој викендов се одржува во Кавадарци.

Со евентуален успех на вечерашниот меч би се изедначиле на врвот од вечната листа победници во ова натпреварување што воедно би бил мотив плус за избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ на патот кон одбраната на шампионската титула. Во претходните два меча на годинешната завршница, сино-белите прво беа подобри од Фени индустри (115-68) во четврт-финалето, а синоќа и од Блокотехна (89-78) во полуфиналната пресметка. Работнички, пак, беше подобар од Карпош Соколи и од Куманово.

Најавите се дека противникот вечерва ќе настапи без својот најдобар поединец Маркус Гинјард поради повреда, но тоа воопшто не се дискутира во нашиот табор, каде што сите мисли се насочени само кон сопствената игра.

„Не бев тука кога загубивме од Работнички во првенството, но секој пораз од големиот ривал боли. Такви работи носи спортот, но мора да преболиме сѐ. Почнуваме од нула. Синоќа анализиравме и ќе пробаме да дојдеме до посакуваниот триумф. Знам дека се говори дека Гинјард е повреден. Лошо е да се радуваш на туѓата несреќа, но јас не се фокусирам на противниците. Сигурно за нив тоа е голем хендикеп, но ние се подготвуваме како да ќе биде во составот“, вели тренерот Лукајиќ.

Ова воедно ќе биде шесто меѓусебно куп-финале против Работнички во што исто така имаме шанса да изедначиме со оглед на водството на противникот од 3-2. Судии на натпреварот се Игор Митровски, Александар Милојевиќ и Алија Феревски. Предвиден е телевизиски пренос на првиот канал на МТВ.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page