Испечатете ја страната

Крафорд: Време е да ѝ се одмаздиме на Блокотехна!

2018 16 Фев

Колку и да имаше песимизам од тоа како ќе се снајде во новата средина, Американецот Џордон Крафорд од меч во меч сѐ повеќе ги освојува срцата на навивачите на МЗТ Скопје Аеродром, особено со својот пристап, фантастична борбеност, но пред сѐ со прецизниот шут од далечина.

Така беше и на денешниот четвртфинален меч од Купот на Македонија против Фени индустри, во кој со 24 поени за исто толку минути беше предводник во убедливата победа која ни донесе утрешна полуфинална пресметка со Блокотехна.

„Како колектив одигравме одлично, цврсто и со многу енергија. Сѐ уште нѐ пече оној пораз од Блокотехна во Гевгелија, така да мораме да останеме позитивни, да се концентрираме и да се одмаздиме во утрешното полуфинале“, изјави Крафорд.

Средбата против гевгелискиот тим ќе се одигра од 20.30 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.