Фени лесно преслушан, утре против Блокотехна во полуфиналето од Купот

2018 16 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија каде што утре ќе ги одмерат силите со Блокотехна (20.30 часот), откако вечерва, во четврт-финалето од завршницата во Кавадарци, лесно и убедливо го совладаа Фени индустри со 115-68.

Ова беше своевиден реванш за елиминацијата во ланската полуфинална куп-фаза, во меч кој исто така се одигра во кавадаречки „Јасмин“. Сино-белите доминираа во текот на сите 40 минути, а одиграа фантастично во нападот за што најдобро говори вкупниот број постигнати поени. Шутот функционираше беспрекорно, што беше доволно за сигурен влез меѓу четирите најдобри екипи во Купот.

Аеродромци средбата ја завршија со 16 тројки и 72-отстотна прецизност во ударите за два поени (24/33) што им донесе огромна предност на крајот и тоа најдобар поентерски ефект во досегашниот дел од сезоната.

Американецот Џордон Крафорд одново беше предводник на составот од „Јане Сандански“ со 24 поени за исто толку минути (6/7 за тројка), заедно со пет асистенции. Поентерски се покажаа уште и Бојан Трајковски, Радослав Спасојевиќ и Јуре Лалиќ кои постигнаа по 13 поени.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Работнички и подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Куманово и Гостивар.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page