Назор: Покажавме срце и карактер во дуелот со Кожув!

2017 18 Фев

Немаше премногу емоции на лицето на тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, по синоќешната победа против Кожув во четврт-финалето од куп-завршницата, најмногу поради фактот што тоа беше само една третина од задачата за која тој и неговите избраници дојдоа во Кавадарци.

Единствено кај него можеше да се забележи доза на загриженост поради повредата на Шарлон Клоф, кој во првото полувреме доби силен удар во рамото и до крајот на средбата не влезе во игра. За тежината на неговата повреда и за тоа дали ќе може да помогне до крајот на Купот на Македонија ќе се знае во текот на денешниот ден.

Тоа беше тежок натпревар кој, за наша среќа, го контролиравме од самиот почеток и сакам да им се заблагодарам на моите играчи за прикажаната игра. Им честитам и на противниците за агресивната игра и големата борба. Мислам дека публиката имаше што да види и жал ми е што не дојде во поголем број. Прерано дојдовме до големо водство и малку се опуштивме. По големата разлика, противникот се врати особено во фазата на офанзивниот скок. Ни требаа некои промени особено во нападот кои ги направивме во вториот дел. Покажавме срце, карактер и дека кога не сме толку добри можеме натпреварот -рутински да го завршиме. Купот е такво натпреварување. Доста често се случува фаворитот да загуби и поради тоа мораме да бидеме што повеќе внимателни и фокусирани, но и поборбени за денешниот натпревар“, вели хрватскиот стратег.

На патот кон пласман во 13-тото куп-финале, „металците“ вечерва ќе ги одмерат силите со Фени индустри (20.30 часот) додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Работнички и Карпош.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page