Испечатете ја страната

Младинците на МЗТ Скопје- освојувачи на Купот на Македонија

2015 22 Фев

Младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром се освојувачи на младинскиот Куп на Македонија, откако денеска во финалето беа поуспешни од Вардар со убедливи 87-58. Љубомир Младеновски со 16 поени и 9 скока беше најдобар поединец кај МЗТ Скопје, со што заслужено се здоби со признанието за најкорисен играч.