Младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром се освојувачи на младинскиот Куп на Македонија, откако денеска во финалето беа поуспешни од Вардар со убедливи 87-58. Љубомир Младеновски со 16 поени и 9 скока беше најдобар поединец кај МЗТ Скопје, со што заслужено се здоби со признанието за најкорисен играч.