МЗТ Скопје поразен од Кожув 74-75

2015 21 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во драматичен финиш се поразени од Кожув во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија кој се одигра вечерва. Целиот натпревар помина во израмнета игра на двете страни, со минимални водства на двете екипи во различни наврати. МЗТ Скопје беше тој кој беше на чекор до триумфот откако на 18 секунди до крајот на средбата Александар Цветковиќ беше прецизен во двете слободни фрлања со кои му донесе водство на својот тим од 74-72. Сепак, играчите на Кожув го одиграа одлично последниот нивни напад па со постигнатата тројка од страна на Пековиќ на 0,8 секунди до крајот успеаа да ја однесат победата со конечен резултат 74-75.


Владимир Брчков со 14 поени беше најпрецизен во составот на Кожув, додека Миладин Пековиќ постигна 11.

Стефан Синовец беше стрелец на 27 поени, Урош Лучиќ 15, додека Предраг Самарџиски средбата ја заврши со 13 поени.

Екипата на Кожув во големото финале од Купот на Македонија ќе се сретне со тимот на Работнички кој пак беше подобар од Куманово во второто полуфинале. 

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page