МЗТ Скопје повторно подобар од Г.Делчев

2015 29 Јан

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го совлада тимот на Гоце Делчев и во возвратниот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија кој се одигра вечерва во СЦ Јане Сандански. МЗТ Скопје беше поуспешен со резултат 95-83 и се пласира на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Кирил Николовски и Стефан Синовец со по 20 постигнати поени го предводеа тимот на МЗТ Скопје до победата. Љубомир Младеновски беше стрелец на 14, Сеад Шеховиќ на 13, додека Урош Лучиќ средбата ја заврши со 10 постигнати поени.

Во составот на Гоце Делчев од Штип, Стефан Крстевски со 23 поени беше најдобар поединец.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page