Куп Финале: МЗТ Скопје Аеродром-Куманово 79-71

2013 01 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го освоија и шестиот Куп на Македонија откако вечерва во одличен амбиент во СЦ “Борис Трајковски” успеаа да го совладат тимот на Куманово со резултат 79-71. Кумановчани одлично го започнаа мечот и ја добија првата четвртина со резултат 14-20. Во вториот период многу подобра игра на МЗТ која резултираше со анулирање на негативата и враќање на водството во своја корист, па така на полувреме се замина со плус  два поени (37-35). Второто полувреме донесе голема борба, но во тимот на МЗТ конечно се разбуди Дамјан Стојановски кој имаше помош и во Ѓорѓи Чековски и кои со неколку реализации ја одржуваа предноста помеѓу шест и десет поени. Кумановчани во финишиот преку Костовски и Димчевски пробуваа да ја намалат негативата, но се покажа дека МЗТ Скопје Аеродром е доволно искусен тим кој рутинирано го сведе натпреварот до самиот финиш што значеше и шести освоен куп трофеј и големо славје како и на трибините така и на теренот.

Дамјан Стојановски беше најефикасен играч во ова финале, постигнувајќи 20  поени, Ѓорѓи Чековски имаше 16 поени, додека Борис Бакиќ 15 поени. Во тимот на Куманово Урош Николиќ беше одличен со двоен учинок од 22 поени и 14 скока, а покрај него добра игра прикажа и Александар Костовски со 16 поени.

Неможеме да кажеме дека финалето беше со некоја исклучително квалитетна кошарка, но сигурно е дека беше доста интересна за сите кои беа во салата. За да биде интересен меч, мора да се има два квалитетни противника. Им честитам на своите играчи на победата, тоа го заслужија целосно затоа што дадоа максимум овие 3-4 дена, имаа максимална сериозносен пристап и концентрираност. Знаевме дека нема да биде лесно затоа што сите сакаат да го победат МЗТ  што е сосема нормално, но пред нас е предизвик да сите тие напади ги одбиеме и да победуваме и понатаму. Би и честитал и на екипата на Куманово, која е квалитетна и цврста екипа со добри играчи. Ќе биде интересно во суперлигата и трката за шампионската титула. “ изјави Алеш Пипан на прес конференцијата по завршувањето на натпреварот.

По завршницата во Куп натпреварувањето за тимот на МЗТ Скопје Аеродром сега престои продолжување на настапите од Суперлигата, а следен предизвик е гостување во Куманово кое е закажано веќе за оваа сабота.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page