Испечатете ја страната

Кожув рутински совладан, сега на ред е полуфинале со Работнички!

2019 12 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се пласираа во полуфиналето од завршниот турнир во Купот на Македонија, откако вечерва лесно и убедливо го совладаа Кожув во четвртфиналната пресметка во Гевгелија, со што се изборија за полуфинален дуел со Работнички.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов почнаа фантастично и по пет минути веќе имаа 18-0, предност која беше доволна да се осигрува посакуваниот триумф. Домаќинот во неколку наврати имаше обид да се врати резултатски во игра, но нашиот тим беше преискусен за да им овозможи такво нешто. Аеродромци доминираа во сите статистички категории, што што крајниот епилог се покажа и повеќе од заслужен.

Дамјан Стојановски беше најдобриот поединец во таборот на МЗТ Скопје со 15 поени (4/5 за тројка) и седум скока додека Љубомир Младеновски и Предраг Самариџски реализираа по 10 поени со шест односно осум скока.

Пресметката со вечниот ривал е закажана за утре со почеток во 20.15 часот.