МЗТ Скопје Аеродром вечерва домаќин на руски Нижни Новгород!

2016 07 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, со почеток од 19 часот во салата „Јане Сандански“, ќе го одиграат последниот домашен натпревар сезонава во Еврокупот и тоа против руски Нижни Новгород. Влезот за овој меч е слободен за сите.

„Металците“ посакуваат продолжување на позитивната енергија по значајната победа пред неколку дена против Будуќност, а воедно и прв триумф во ова натпреварување. Но, тоа воопшто нема да биде лесно со оглед на тоа што во составот повторно ќе го нема најдобриот стрелец, Ксавиер Темс, кој доби дозвола за продолжен престој во САД поради трагедија во семејството, додека под голем знак прашалник е настапот на Стефан Синовец и Ѓорѓе Дреновац. Првиот има стомачен вирус, а вториот повреда на скошниот зглоб, причини поради кои двајцата ги пропуштија последните неколку тренинга под надзор на тренерот Анте Назор.

Но, и покрај проблемите со повредите како и отсуството на резултатски императив со оглед на загубените шанси за пласман во следниот круг, сино-белите најавуваат борба од првиот до последниот момент со цел да се дојде до првата победа на Еврокупот и тоа против големиот должник кој во првиот меч нѐ совлада дури по едно продолжение.

„Ова е тип на натпревар, кој мора да го користиме за подобрување на нашите перформанси и да го поправиме она што не беше во ред во последните неколку натпревари, особено на одбраната. Главна цел ни е да се научиме како да играме против противничка игра два на два и транзиција. Исто така да најдеме рамнотежа помеѓу внатрешните и надворешните играчи и како што рекоов претходно да одиграме цврсто во одбраната. Против Нижни Новгород исто така ќе се обидам да ја проширам нашата ротација и да пробаме некои нови работи кои ќе бидат корисни за нас во следните натпревари“, изјави хрватскиот стратег пред вечерашниот дуел.

Судии на натпреварот се Емилио Пизаро (Шпанија), Амит Балак (Израел) и Ане Пантер (Германија). Директен пренос на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page