Бесплатен влез за задутрешниот дуел против Нижни Новгород!

2016 05 Дек

Управата на МЗТ Скопје Аеродром како благодарност за поддршката која ја имаа кошаркарите во вчерашната победа над Будуќност, донесе одлука за бесплатен влез за сите спортски вљубеници на задутрешниот дуел против рускиот тим Нижни Новгород, кој со почеток во 19 часот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“.

Тоа е меч од 9. коло од Еврокупот, кој воедно е наш последен дуел на домашен терен во ова елитно натпреварување, што ни беше само дополнителен мотив за отворање на вратите од спортскиот центар. Воедно, би сакале да ги повикаме сите наши навивачи и симпатизери да дојдат на пресметката в среда и да им помогнат на избраниците на тренерот Анте Назор да ја забележат првата победа во Еврокупот.

Прикажаната енергија и начинот на кој беше одиграна средбата против Будуќност дава надеж дека доаѓаат подобри денови за МЗТ Скопје Аеродром, но и покажа дека секогаш е многу полесно кога се има ветер в грб од трибините. Затоа, задутре, сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“ и со заеднички сили да пробаме да го совладаме силниот гостин од Русија.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page