МЗТ Скопје Аеродром вечерва ѝ гостува на Цедевита

2016 30 Ное

Без поголем резултатски императив, поради фактот што веќе ги загубивме шансите за пласман во следната рунда, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ѝ гостуваат на хрватска Цедевита (20.45) во меч од 8. коло од Еврокупот.

Поради ова, тренерот Анте Назор најави дека дуелот ќе го искористи за подобрување на формата како и дополнителното воигрување на играчите во неговиот систем, пред сѐ во фазата на одбраната.

„Средбата против Цедевита ќе ја искористиме за да влеземе во подобра форма, особено во одбраната и да увежбуваме нови системи со цел да бидеме подобри отколку на претходниот натпревар против Игокеа. Противникот е квалитетен, но нема преголем континуитет во играта. Фактот што тие и понатаму се во игра за втората фаза од Еврокупот, а ние не сме не треба да донесе намалена мотивација во нашиот тим. Треба да одиграме енергично и внимание да посветиме на кошаркарските основи и само така би можеле да ѝ се спротивставиме на Цедевита“, вели Назор.

Сино-белите и на оваа средба ќе настапат без најдобриот стрелец, Американецот Ксавиер Темс, кој поради семејни проблеми мораше да замине во САД. Неговото враќање е планирано за задутре наутро, по што би се вратил во тренажен процес и би бил подготвен за следниот дуел од АБА-лигата, в недела на домашен терен против Будуќност.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page