Лиеткабелис го издржа притисокот и со два бода си замина од Скопје

2016 16 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да го совладаат тимот на Лиеткабелис (80-87) во вечерашниот дуел од 6. коло од Еврокупот, најмногу поради големиот пад на концентрацијата во вториот период, кој противникот го доби со дури 13 поени разлика (12-25).

Сино-белите солидно го почнаа мечот, имаа егал-ситуација во првите десет минути, но потоа гостинот од Литванија постигна 12 поени во низа, првенствено поради големиот број би се рекло почетнички грешки на аеродромци и дојде до позитива која ја задржа до крајот. „Металците“ загризаа посилно во второто полувреме, откако Лиеткабелис дојде и до плус 21 (58-37), но им снема и време и сили за да направат целосен резултатски пресврт до крајот на средбата.

Стефан Синовец и Даниел Кларк со по 20 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје Аеродром, Ксавиер Темс постигна 16, Џош Скот 12, а Сулејман Диабате 10 поени. Тренерскиот тандем Горан Крстевски-Драган Миленковиќ и нивниот стручен консултант Александар Књазев немаат многу време за анализа на овој пораз бидејќи веќе задутре ги очекува уште еден тежок дуел на домашен терен, против ФМП во рамки на АБА-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page