Го пречекуваме Лиеткабелис со надеж за прва победа во Еврокупот

2016 16 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва, со почеток од 19 часот, ќе го пречекаат тимот на Лиеткабелис во меч од 6. коло од Еврокупот во кој ќе се обидат да се реваншираат за болниот пораз во Паневезис, кога противникот постигна кош во последната секунда од натпреварот.

Средбата доаѓа во релативно незгоден момент за нашиот тим по оставката на тренерот Александар Јончевски, кој си замина завчера по поразот од Крка на гостински терен. Екипата привремено ќе биде предводена од помошникот Горан Крстевски, со кого деновиве на тренинзите работи нашата тренерска легенда Александар Књазев. Амбициите на „металците“ остануваат атака на првата победа без разлика на сѐ што се случува во клубот во изминатиов период.

„Се наоѓаме во незгодна позиција по сѐ што се случуваше изминативе денови. Лиеткабелис е силен противник, но ако одиграме како на првиот дуел во Паневезис, каде што загубивме со кош во последната секунда, верувам дека ќе имаме шанса да дојдеме до првиот триумф во Еврокупот. Ќе биде тешко, но ќе дадеме сѐ од себе, а допрва ќе видиме дали тоа ќе биде доволно да се совлада гостинот од Литванија“, вели Крстевски.

Еден од главните адути на тренерскиот тандем ќе биде Американецот Џош Скот, кој чија форма од средба во средба оди во нагорна линија.

„Одигравме добро во речиси секој досегашен меч во Еврокупот, но, за жал, сѐ уште сме без победа, нешто што ќе се потрудиме да се смени во дуелот со Лиеткабелис. Станува збор за незгоден тим, поради што ќе мора максимално да се бориме од почетокот до крајот на натпреварот. Сѐ е во наши раце, ако играме пожртвувани и гинеме еден за друг, тогаш ќе имаме шанси за триумф“, коментира високиот центар.

Средбата се игра во салата „Јане Сандански“, а билетите, кои се по цена од сто денари, веќе се пуштени во продажба. Судии на натпреварот се Карлос Кортес (Шпанија), Мориц Ритер (Германија) и Ник Ван ден Брук (Белгија). Директниот пренос е на МТВ1.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page