Пред точно две децении големиот Реал Мадрид падна во пеколот на „Јане Сандански“! (ВИДЕО)

2016 06 Ное

Датумот 6 ноември со златни букви е запишан во историјата на МЗТ Скопје Аеродром, откако на денешен ден во 1996 година беше остварена најголемата победа досега – против големиот Реал Мадрид во рамки на Еврокупот во организација на ФИБА Европа.

Пеколот во стариот „Јане Сандански“, во кој имаше речиси двојно луѓе од предвидениот капацитет, беше неминлива пречка за ѕвездите на „кралскиот клуб“, кои беа предводени од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а за кого играше и неповторливиот Дејан Бодирога. Резултатот беше 69-68 во корист на сино-белите и тоа со двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски на неколку секунди до крајот. Овој триумф силно одекна во тогашна кошаркарска Европа и дефинитивно го стави нашиот клуб на мапата на најдобри состави на Стариот континент.

Блажевски со 22 поени (4/4 за тројка) беше најпрецизен кај МЗТ Скопје на овој меч, Мирза Куртовиќ постигна 15, Врбица Стефанов 14, а Американецот Марк Дин 11 поени со седум скока. Зад името на Игор Михајловски останаа запишани четири, а Ѓорѓи Књазев постигна три поени. Минутажа добија и Тони Симиќ и Дејан Димов, а на клупата останаа Антонио Миневски и Борис Нешовиќ.

Во чест на овој триумф, а во рамки на континуираната прослава на 50-годишнината од формирањето, аеродромци ќе организираат мала свеченост и тоа на полувремето од претстојниот дуел од Еврокупот в среда против Гран Канарија. Се очекува на паркетот да се појават најголем дел од играчите и стручниот штаб на тимот кој го урна Реал Мадрид, кои ќе добијат пригодни подароци и кои се очекува повторно да бидат поздравени со френетичен аплауз како што беше пред 20 години. Гостин на прославата ќе биде и легендарниот коментатор Љупчо Николовски, чиј глас беше своевиден заштитен знак за средбите кои нашиот клуб ги играше во тоа време.

Влезниците за овој спектакл, на кој како играчи на шпанскиот тим ќе се појават и поранешните македонски репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс, веќе се пуштени во продажба и тоа по цена од 150 денари. Истите може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

Медија

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page