Се пропушти голема шанса: Игравме добро, ама загубивме на гостувањето во Русија!

2016 02 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе почекаат на првата победа сезонава во Еврокупот, откако по едно продолжение загубија на денешното гостување против Нижни Новгород (74-88) во меч од 4. коло од Еврокупот.

Како и на претходните два дуела, аеродромци одново беа многу блиску до триумф, ако не и најблиску во однос на пресметките со Лиеткабелис и Цедевита. Со предност од десет разлика влеговме во последната четвртина (61-51), а на крајот имавме и речиси добиена ситуација. Прво Стефан Синовец промаши слободно фрлање за водство на 28 секунди до крајот (70-70), откако над него беше досудена неспортска грешка, а потоа Адем Мекиќ се обиде да го реши натпреварот, но за жал топката излезе од обрачот. Тоа дополнително ги разочара избраниците на тренерот Александар Јончевски, кои немаа сили да одиграат уште пет квалитетни минути, што домаќинот максимално го искористи и на мускули ја обезбеди победата.

Ксавиер Темс со 18 поени и седум скока и Џош Скот со 14 поени и девет скока беа најдобри во составот на МЗТ Скопје Аеродром, Стефан Синовец постигна 15, а Урош Лучиќ девет поени.

Следниот меч од Еврокупот го играме следната среда (9 ноември) против шпанска Гран Канарија, кога на полувремето ќе има свеченост по повод прославата 20 години од победата над Реал Мадрид, а во склоп на 50-годишнината од формирањето на клубот. Претходно, в недела, во „Јане Сандански“ ќе ја пречекаме Унион Олимпија во обид добрата игра во последните неколку дуели, конечно, да ја крунисаме и со победа.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page