Јончевски: Ако ја победевме Цедевита, тоа немаше да биде незаслужено!

2016 26 Окт

Втор меч за МЗТ Скопје Аеродром во Еврокупот сезонава и втор несреќен пораз и тоа во вечерашната пресметка со Цедевита во која сино-белите кошаркари ја имаа иницијативата и резултатската контрола речиси во сите 40 минути, но на крајот, поради замор и пад на концентрацијата не успеаја да дојдат до посакуваните бодови.

„Металците“ настапија десеткувани, без тројца стандардни првотимци (Дреновац, Клоф и Симоновски), но тоа не ги спречи останатите, меѓу кои првпат голема минутажа добија Адем Мекиќ и Андреј Цветковски, да изгинат на паркетот и да бидат многу блиску до триумф против силниот противник.

„Одигравме квалитетен натпревар, но неискуството на дел од играчите на крајот нѐ чинеше пораз. Не знам по кој пат загубивме на една топка, на еден шут. И покрај сѐ, задоволен од сите играчи, успеавме да одиграме добро. Противникот имаше повеќе офанзивни скокови, а ние слаба ротација, особено на надворешните позиции, што на крај беше решавачки. Но, нема да згрешам ако кажам дека ако победевме ние ние на крајот, тоа воопшто немаше да биде незаслужено“, изјави тренерот Александар Јончевски по средбата.

Следна шанса за прва победа во Еврокупот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја имаат следната среда, кога му гостуваат на рускиот тим Нижњи Новгород. Претходно, в недела, сино-белата чета ќе го одигра дуелот од 7. коло од АБА-лигата, против Мега лекс во Сремска Митровица.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page