Немавме среќа: И десеткувани дури во финишот паднавме пред Цедевита!

2016 26 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на несреќен начин го загубија и вториот натпревар сезонава во Еврокупот и тоа на вечерашниот дуел на домашен терен против Цедевита (85-89) во рамки на 3. коло од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Претходно, на стартот на гостувањето кај Лиеткабелис, сино-белите беа поразени со кош во последната секунда. Овој пат, избраниците на тренерот Александар Јончевски водеа во најголем дел од средбата, во неколку наврати и со седум поени, но на крајот снемаа сили и останаа без бодови во до крај неизвесниот натпревар. Офанзивните скокови и поените во серија на Крушлин се покажаа како клучни за триумфот на гостите од Загреб, a за МЗТ Скопје Аеродром отсуството на Ѓорѓи Дреновац, Марко Симоновски и на Шарлон Клоф се покажа како ненадминлива пречка.

Даниел Кларк беше најдобар кај „металците“ со 23 поени и осум скока, Ксавиер Темс беше стрелец на 18 поени додека Џош Скот реализира 15 поени. Следниот меч во Еврокупот ќе го играме следната среда и тоа како гости против руски Нижњи Новгород. Претходно, в недела, МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостува на Мега Лекс во рамки на 7. коло од АБА-лигата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page